Надал се проби на второто место на АТП ранг листата

Од:

Победникот на „Ролан Гарос“, шпанскиот тенисер Рафаел Надал се проби на второто место на АТП ранг листата објавена денеска.

Лидер и натаму е Енди Мареј со 9.890 поени, а Надал сега има 7.285. Трет е Стан Вавринка со 6.175 поени, додека пад од две места има Новак Ѓоковиќ со 5.805. Во ТОП 5 место има и за Рожер Федерер со 4.945 бода.

Од македонските тенисери Томислав Јотовски скокна 45 места и со 25 поени е на 768. место со што е најдобро рангиран македонски тенисер. Димитар Грабул е на 1.000 место 10 поени, Горазд Србљак – 1.172 место 6 поени, Стефан Мицов – 2.054 1 поен.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ