Доминик Строс-Кан останува и понатаму обвинет за подведување во органзирана криминална група во аферата „Карлтон“, во која тој е обвинет за учество во сомнителни кругови на проституција, кои дејствувале во луксузниот хотел Карлтон во северниот француски град Лил, но и во други градови во светот, јави дописникот на МИА од Париз.
Апелациониот суд од Дуе ги отфрли барањата на адвокатите на Строс-Кан, кои побараа поништување на процедурата во оваа афера.
Тие најавија дека нивниот клиент највероатно ќе се жали до Касациониот суд (Врховниот суд) на Франција.
Строс-Кан призна дека присуствуваал на „слободните“ собири со девојки, но негира дека знаел оти им се плаќа на некои од жените, кои таму биле присутни и дека тие биле проститутки.
Во мај 2011 година, Обвинителството во Њујорк ги отфрлија обвиненијата против Строс Кан за сексуален напад на собарка во хотел во Њујорк, а во граѓанската постапка тој успеа на почетокот од месецов да постигне финансиски договор со неа.