Третиот претставник од опозицијата, Чедомир Дамјановски соопшти дека нема да даде отставка во Комисијата за верификација на фактите зошто тоа би било во „спротивност со интересите на македонскиот народ“.
„Со мојата оставка ќе оставам бришан простор за уште поголемо газење врз достоинството на македонскиот граѓанин и ќе овозможам на остатокот од Комисијата и понатаму да го урива правниот поредок и владеењето на правото“, изјави Чедомир Дамјановски.
Дамјановски рече дека тоа задоволство на Томе Аџиев засега нема да му го овозможи зашто се уште бил оптимист, Уставниот суд дека ќе одлучи согласно препораките на Венецијанската комисија.
Дамјановски рече дека во зависност од таа одлука на Уставниот суд ќе ја донесел и тој конечната одлука дали останува во Комисијата или не.
Претходно по повикот од СДСМ оставки од Комисијата за верификација поднесоа двајца претставници од СДСМ.