Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за ГН на Канада во шампионатот од Формула 1 што се возеше синоќа во Монтреал. За возачот на Мерцедес ова е трета победа оваа сезона и вкупно 56 во неговата кариера.
На второто место се пласира Валери Ботас исто така од Мерцедес, додека трет беше Даниел Рикардо од тимот на Ред Бул.
Бодови уште освоија: Себастијан Фетел (Ферари), Серхио Перез (Форс Индија), Естебан Окон (Форс Индија), Кими Раиконен (Ферари), Нико Хуилкемберг (Рено), Ленс Строл (Вилијамс) и Роман Грожан (Хас).
По триумфот во Монтреал, Хамилтон во генералниот пласман ја намали разликата со водечкиот Фетел на 12 бода. Германецот сега има 141 бод, а Хамилтон 129. Трет е Ботас со 93.
Во поредокот кај конструкторите води Мерцедес со 222 бода пред Ферари со 214, Ред Бул има 112,…
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози по две седмици во Баку, за ГН на Азербејџан.