Судството удри и на борците. Тие велат „уште една спорна судска, исполитизирана и нарачана одлука за да се исфрлат од нивното седиште и некој друг да ја добие атрактивнара зграда во центарот на Скопје.
Изутринава со придружба на вооружено обезбедување, извршител ги исфрли од нивното седиште и не им дозволуваше да влезат. Борците се исфрлени по судска одлука која е поништена и вратена од Врховниот суд на повторно одлучување.
Судот во два наврати донесе две сосема спротивни одлуки. Еднаш, во спорот кој траеше меѓу нив и Сојузот на инвалиди, објектот го додели на Сојузот на Борците, кои со децении ја поседуваат зградата. Но, најновата одлука е сосема спротивна-објектот му се доделува на Сојузот на инвалиди.
Од страна на борците тврдат дека Сојузот на инвалиди е фиктивна организација со околу сто членови. Се поставува прашањето дали зад целиот овој процес стои партијата на власт, чии членови се секојдневно во објектот. Затоа и од Сојузот на борци денеска прашаа зошто и од каде им се парите на Сојузот на инвалиди за да купат два нови мерцедеси?
Според шпекулациите, око на згрдата во центарот на Скопје има фрлено ВМРО-ДПМНЕ, и со напуштањето на нивниот објект во центарот на Скопје на чии место треба да се изгради нов, планот бил да се преселат токму во оваа зграда и во просториите на борците.