Менаџерската и лидерска школа за инженери во Македонија денеска ќе додели дипломи на првата генерација учесници.
Школата за инженери е креирана во рамки на проектот МЛС4Енг, финансиран од ЕУ програмата Еразмус+, за градење стратешки партнерства во областа на образование на возрасни. Целта е создавање конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе обезбедат развој и на својата компанија, но и на пазарот на кој дејствуваат.
На промоцијата е најавено обраќање на претставници на Комората на овластени инженери и архитекти и на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.