„Гардијан“: Трамп откажал посета на Лондон се додека не добие поддршка во Британија

Од:

Официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија е одложена откако тој по телефон ја известил премиерката Тереза Меј дека не сака да патува во Лондон се додека нема јавна поддршка за посетата.Тоа го објави денеска Гардијан.

Во написот се додава дека Трамп рекол оти нема да замине во посета на Британија ако има јавни протести низ државата.

Извор за весникот е советник на Меј кој присуствувал при разговорот. За посетата не беше назначен конкретен датум.

Портпарол на Кабинетот на Меј засега не ги коментираше наводите на весникот. Меј го покани Трамп да ја посети Британија седум дена по неговата инаугурација, откако беше во посета на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме Трамп да види дека сакаме да ставиме крај на војната

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски