Лопетеги стравува од Несторовски, на Шпанците и смета тревникот

Од:

Шпанските новинари присутни на денешната прес-конференција на македонската фудбалска репрезентација на која присуствуваа селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, открија дека нивниот селектор Хулен Лопетеги го потенцира Илија Несторовски како најголема опасност по голот на „црвената фурија“.

– Не можам да му помогнам на Лопетеги ако е загрижен од нашиот тим и од Несторовски. Наша работа е да ја подготвиме добро средбата и да си ја завршиме добро работата. Имавме добра можност да ги анализираме Шпанците под Лопетеги, имаат само три нерешени натпревари и нивната игра е за почит“, изјави македонскиот селектор Ангеловски.

– Несторовски за нас е многу важен играч, селекторот Лопетеги е во право што смета дека токму Илија ќе прави проблеми на одбраната, и се надевам дека ќе постигне гол, дополни капитенот Пандев.

На Шпанците кои вечерва ќе го одржат и единствениот тренинг пред утрешниот меч им пречи и подготвеноста на тревникот на арената „Филип Втори“.

На такво поставеното прашање од страна на шпанските новинари Ангеловски и Пандев со идентичен став.

– Тревникот е одличен и не треба противникот да се грижи за тоа, теренот е ист за двете селекции. И ние и вие ќе играте во Скопје, а не во Мадрид, така да условите за игра ќе бидат исти за двете репрезентации, изјавија македонскиот селектор и капитенот.

Мечот, Македонија – Шпанија се игра утревечер од 20:45 часот на арената „филип Втори“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска