Штип домаќин на регионалните пензионерски спортски игри

Од:

Штипските пензионери денеска се домаќини на 22 регионални пензионерски спортски игри, кои се одржуваат во гиманизијата „Славчо Стојменски“ и на Градскиот стадион. Претседателот на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци, Александар Захариев вели дека 348 пензионери од осум соседни општини се натпреваруваат во вкупно 11 спортски дисциплини.

– Ние овде како домаќини сме задолжени да им обезбедиме добар прием, добро расположение и нека победи најдобриот, вели Захариев.

Претседателот на Сојузот на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски забележа дека Штип се покажа како одличен организатор на 22 пензионерски спортски игри на седмиот регион во државата.

– Мислам дека пензионерите имаат одлични услови за да се натпреваруваат. Меѓутоа за мене е многу важно и дружењето, затоа што нашиот став на Сојузот на Здруженијата на пензионери на Мкаедонија е овие спортски натпревари да значат и поголемо пријателство, ширење на соживотот, ширење на љубовта кон татковината, а најважно е во здраво тело да создаваме здрав дух, вели Аргировски.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев е покровител на денешните регионални пезнионерски спортски игри, а кој на свеченото отварање рече дека очекува да победи спортскиот дух.

– За мене многу важно е што тие на овие години се активни, спортуваат, се дружат, создаваат пријателства и тоа е доказ дека со завршувањето на работниот век на било кој не завршува значи и активниот живот, вели Захариев.

Победниците на овие регионални пензионерски игри ќе се натреваруваат и на државните пензионерски спортски игри кои ќе се одржат во Кочани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации