Нигер го отповика својот амбасадор од Катар во знак на солидарност со арапските држави

Од:

Властите во Нигер соопштија денеска дека го отповикале својот амбасадор во Доха во знак на солидарност со арапските држави, кои ги прекинаа одоносите со Катар, обвинувајќи го за финансирање на вооружени исламистички групи и поддршка на Иран.

Некои африкански земји внимателно ги поддржаа напорите за изолирање на Катар.

Мавританија, која е член на Арапската лига, ги прекина во вторникот дипломатските односи со Катар, а Габон, кој е производител на нафта, ја осуди Доха бидејќи потклекнал во напорите за борба против тероризмот.

Сенегал соопшти дека ќе го повлече својот амбасадор од Доха и изрази „активна солидарност“ со земјите кои ги прекинаа односите со Катар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски