Во Македонска Каменица засадени 10 илјади цвеќиња

Од:

Во Македонска Каменица заврши активноста за засадувањето на 10 илјади пролетни цвеќиња кои придонесуваат за хортикултурно разубавување на градот. Техничкиот директорот на ЈП „Камена Река“ Влатко Димитровски, истакна дека сопственото производство на цвеќиња кое се практикува последниве две години му носи заштеда на претпријатието.

– Порано ги купувавме цвеќињата, а еве веќе две години ние во сопствените оранжерии ги произведуваме и со тоа штедиме пари. Само со годинашниве пролетни цвеќиња, заштедивме околу 300 илјади денари. Пари кои ќе ги намениме за други активности на претпријатието. Засадуваме најразлини видови и декорираме по сите зелени површини, на влезот и излезот на градот. Заедно со есенските цвеќиња, вкупно во оранжериите произведуваме над 15 илјади најразлични видови. Целта ни е да го разубавиме нашиот рударски град, да го оплемениме просторот и да изградиме убав урбан имиџ, истакна Димитровски.

Тој додаде дека со малку креативност и идеи преку интернет успеале да изработат цветни аранжмани и декорации користејќи стари материјали.

– Така, стари автомобилски гуми, ги обоивме и направивме убави цветни декорации. Од стар автомобил фиќо, кој го обоивме, направивме одлична декорација и го поставивме во центарот на градот и мислам дека е одлична атракција, а повторно ја изградивме куќата на цвеќињата. Само во неа има 500 саксии на петунии, рече Димитровски.

Паралелно со цветните аранжмани, ЈП „Камена Река“ работи и на поставување нова урбана опрема и замена на старата оштетена во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски