Претставници на институции, училишта, универзитети, институти, невладини организации, стопански комори и други правни лица денеска во Скопје ќе дебатираат за иднината на Еразмус плус програмата.
Дебатата „Иднината на Еразмус плус“ се одржува со цел македонските корисници на Еразмус плус да може да претстават неколку добри пракси од својата работа, но и да дебатираат за иднината и како би сакале да ја видат идната Европска програма после 2020 година.