Легендарниот индустриски дизајнер Марк Нјусон, се здужи со „HODINKEE“ со цел да го создаде специјалниот песочен часовник што чини 12.000 долари.
Неговата визија за песочен часовник е рачно изработена и мери 150 милиметри во височина.
Изработен е од рачно дувано борсиликатно стакло, овој песочен часовник доаѓа со кожен подметнувач.
Имено, тоа што го прави овој часовик посебен се Нанотопчињата од нерѓосувачки челик, кои се замена за песочните зрнца.
Дури 1,3 милиони Нанотопчиња се наоѓаат во еден песочен часовик и тие можат да измерат временски период од точно десет минути.
Овој ексклузивен предмет ќе биде направен во само 100 парчиња. Досега се изработени само шест часовници и сите се продадени и покрај високата цена.