СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повеќе не може да спречува дебата

Од:

„Транспарентноста, отвореноста и демократскиот однос кон граѓаните и медиумската јавност што новата Влада ги покажува во своето работење за ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски се мисловна именка.

Граѓаните на Р.Македонија после цели 11 години узурпиран државен систем и заробени институции, ги чувствуваат придобивките од демократското владеење на новата реформска Влада предводена од СДСМ. Демократските процеси незапирливо продолжуваат во насока на спроведување на реформите што се во интерес на граѓаните и државата и што ќе донесат правда, еднаквост и квалитетн живот за сите.

ВМРО-ДПМНЕ водена од Никола Груевски и во опозиција покажува автократски режимски манири што ги поседува и затоа бесрамно признаваат дека се против отворена дебата со граѓаните, невладините организации и целокупната јавност. ВМРО-ДПМНЕ не може да го замолкне гласот на граѓаните и на критичката јавност и да ја спречува дебатата како демократска вредност.

Чесните членови, активисти и политичари во ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од криминалното раководство предводено од Груевски, за да можат како опозиција совесно и конструктивно да делуваат во интерес на граѓаните и да се вклучат во реформските процеси за доброто на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела