Во Сиднеј се наоѓа куќата „Трас Хаус“ која има карактеристики на традиционален дом, но нејзината специфика се состои во покривните решетки, кои овозможуваат влез на големо количество светлина во внатрешноста.
Куќата е на два ката, при што во приземјето се сместени дневната соба, трпезаријата и кујната, додека горниот кат е наменет за спалните соби.
Во кујната доминира ѕид од тули на кој се надоврзуваат минималистички бели елементи.
Ѕид од тули се среќава и во бањата, каде доминира туш кабина со метални елементи, кои се совршено вклопени кон останатиот дел од декорот.
Куќата има двор во внатрешноста, кој иако е мал, на совршен начин го освежува целокупниотт простор.