Велешанка била нападната од училишно обезбедување бидејќи во дворот влегла со куче

Од:

Велешанка била нападната од страна на обезбедувањето на училиштето Васил Главинов. Таа била вербално и физички нападната, влечена и удирана, затоа што низ училишниот двор прошетала со своето мирно, на поводник водено куче, известија од здружението „Анима Мунди“.

Мими Георгиев била нападната од страна на обезбедувањето на училиштето „Васил Главинов“, при што ѝ биле предизвикани сериозни телесни повреди и силен стрес.

Во дворот не стоела никаква ознака за забрането движење со миленик, поради што Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ побара кривична одговорност за напаѓачот.

Според нив, ова е и локацијата на која масовно се фрлаат отрови во Велес за кои континуирано објавуваат и поднесуваат пријави активистите од „Гласот за животните“ од Велес.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон