Штипски „Исар“ инвестира во Градскиот пазар

Од:

Штипкото комунално претпријатие „Исар“ почна со изработка на 25 дрвени продажни куќички, кои ќе се постават на Стариот, но и на Новиот Градски пазар во Штип. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека вработени во ЈП „Исар“ работат на овие продажни куќички, а инвестицијата ќе ги чини околу 25.000 евра.

– Во тек е изгработка на продажни куќички, кои ќе се нудат по многу ниска цена за сите оние граѓани кои ќе сакаат да започнат сопствен бизнис. Исто така, планираме и уредување на плато три, од кое дел ќе биде паркинг простор, а дел останува продажно место, вели Бојаџиев.

Тој истакна дека сите овие активности, ЈП „Исар“ планира да ги заврши за 12 месеци, по што целиот градски пазар ќе добие нов лик. Со претходната реконструкција подобрени се и условите за граѓаните и трговците.

– За многу кратко време комплетно го реновираме, сменети се електрична и водоводна мрежа, пазарот е комплетно покриен и слично, рече Бојаџиев.

Парите за новите градежни активности се обезбедени од буџетот на јавното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена