А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Антипаркинг опрема на градскиот плоштад во Струмица

by А1он08/06/2017 - 16:16242
Share0

Екипи на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ денеска поставија антипаркинг опрема на сите влезови на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Добивај вести на вибер

Целта, според надлежните, е да се спречи зачестената злоупотреба на пристапните влезови и да се ограничи движењето на моторните возила кои во последно време предизвикале сериозни оштетувања на гранитните плочки на плоштадот.

Од ЈП „Паркиралишта Струмица“ ги информираат сопствениците на трговските и угостителските објекти дека доставувањето на стока за нивните потреби ќе може да се врши претпладне во периодот од 6 до 10 часот и попладне од 16 до 19 часот.

Додаваат дека во случај на итна интервенција, клучеви од антипаркинг опремата се доставени и до Секторот за внатрешни работи во Струмица, Територијалната професионална противпожарна единца и Брзата помош и тоа на два влеза, на улицата „Благој Јанков Мучето“ кај ПроКредит банка и на улицата „Јосиф Јосифовски Свештарот“ пред кафетеријата Маф Маф.

Се апелира, исто така, до сопствениците на трговските и угостителските објекти да го почитуваат временскиот рок за достава на стока.

strumica

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:2824/12/2025 - 11:44

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:3124/12/2025 - 11:26

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Горан Наумовски04/12/2025 - 15:05

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен