Втора фаза од проектот самовработување со грант во Струмица

Од:

Во Агенцијата за вработување во Струмица се одржа втората фаза од реализацијата на мерката со самовработување со грант од 4 илјади евра.

Во втората група од првиот јавен оглас опфатени беа 27 кандидати кои денеска заедно со овластени консултанти од Агенцијата за поддршка на претприемништвото работеа на изработка на бизнис план.

– Бидејќи имавме повеќе пријавени каандидати ги поделивме на две групи. Денеска е втората група која претходно имаше четиридневна обука заедно со консултантите на тема „Од идеја до бизнис”. Тука кандидатите се запознаваа со тоа што сакаат да работат, каков им е бизнисот и кои материјали ќе им бидат потребни, а по селекцијата влегоа во денешната втора фаза. Веќе работат на бизнис планови, посочи директорката на АВРМ Струмица, Павлина Ѓоргиева.

Во зависност од бизнис плановите, кандидатите ќе бидат селектирани во финалниот избор за грантирање на бизнисот.

– Во следниот период откако апликантите ќе имаат подготвено бизнис планови од овластен консултант, подлежат на понатамошнаа селекција се до конечната одлука, кој бизнис ќе дојде до последната фаза на реализација, регистрирање фирма и добивање грант од 4 илјади евра, објасни Ѓоргиева.

Оваа година првпат грантот за самовработување изнесува четири илјади евра, што е за илјада евра повеќе од претходните огласи, велат од АВРМ.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски