Новиот електричен СУВ што ќе биде помал од „Моделот Х“ на патиштата треба да пристигне во 2019 година, потврди првиот човек на „Тесла Моторс“, Илон Маск.
Маск во вторникот, на 6 јуни, најави дека „Моделот Y“ ќе се темели на новата механичка платформа, а не на она што ја користи седанот „ Модел 3“, чија премиера се очекува во текот на летото. Освен тоа, тој откри и дека новиот СУВ ќе се изработува во новата фабрика на „Тесла Моторс“, а не во постоечката во Фремонт, во Калифорнија, поради пополнетите капацитети на тој погон.
Маск изјави дека смета дека е направена грешка кога „Моделот Х“ го дизајнирале според лимузината „Модел С“. Тој кажа дека подобро ќе беше при дизајнирањето на првиот СУВ да се почнело од тоа како еден СУВ треба да изгледа, место што се обиделе да го копираат дизајнот на седанот.
Поради тоа, идниот „Модел Y“ ќе биде дизајниран на поинаков начин.
Повеќе информации за Моделот Y ќе бидат познати во септември, за кога Маск ја најави презентацијата на товарното електрично возило на „Тесла Моторс“, што самиот своевремено го нарече „Тесла Семи“.