Средба Заев – Кара: Владата е посветена на унапредување на пријателствата низ европските вредности

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Република Турција во Македонија, Еркал Кара.

На средбата заеднички е поздравено пријателството меѓу Македонија и Турција и е изразена определеност за унапредување на соработката врз демократски принципи, на економски план, како и во сите други области од интерес на граѓаните на двете држави.

„Примарна цел на Владата е да ги унапредува односите со сите држави, посебно со земјите пријатели на Република Македонија. Граѓаните на Македонија очекуваат европски перспективи и Владата што ја предводам е подготвена да ги земе предвид сите позитивни искуства на патот кон интеграциите“, рече премиерот Заев.

На средбата, претседателот на Владата на Македонија, Заев и турската амбасадорка Кара, зборуваа за можноста за надминување на постоечките административни бариери со кои се соочуваат инвеститорите во Македонија, како и за интересот на турски инвеститори за вложувања во Македонија. Исто така, од страна на турската амбасадорка е реафирмирана поддршката на Република Турција за интеграцијата на Република Македонија во НАТО Алијансата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски