УХМР: Да се ревитализира стариот систем од ерозивни бетонски брани на Поројска Река

Од:

За да се намали потенцијалната опасност од следни поројни излевања на Поројска Река неопходно е да се ревитализира стариот систем од ерозивни бетонски брани кои биле градени во 70 години од минатиот век во горниот тек на реката и да се доизградат нови на сите потребни места, препорачува Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР).

– Тоа е добро да се направи на сите ризични локации низ цела Македонија, велат од УХМР.

Нагласувааат дека нивна хидролошка стручна екипа вчера и завчера била во посета на село Порој, каде на 5 јуни после обилните интензивни врнежи во горниот слив на Поројска Река имаше појава на поројни истекувања на мешавина од вода, кал и камења, кои на места предизвикаа локални излевања.

– Според информацијата од радарската слика дождот почнал да паѓа околу 16:30 часот и тоа најпрво во погорните делови од сливот за да продолжи низводно спрема Полог. За релативно кратко време каналот на Поројска Река се исполнил со големи количини од мешавина од вода, кал и камења, за да помине низ село Порој во периодот од 17:30 до 19:30 часот, продолжувајќи и плавејќи низводно каде нема високи насипи, соопшти УХМР.

Ова, се додава во соопштението, било карактеристична поројна појава, каде обилни и интензивни поројни врнежи паѓаат на релативно мала сливна површина и за кратко време носат големи количини на мешавина од кал, вода и камења и така движејќи низводно по текот, носат се пред себе.

– При направениот увид на лице место од страна на хидролошкиот тим, според првичните и основни согледувања на профилот и коритото на Поројска Река, констатирано е дека, протечните количини на мешавината од вода, кал и камен кои во одреден момент на максимален пик (поплавен бран) поминале низ село Порој биле со количина од 70 до 100 метри кубни во секунда, се вели во соопштението од УХМР.

За точно и прецизно утврдување на вистинскиот протек, се нагласува, потребни се допонителни геодетски снимања на профилите на Поројска Река, подржани со хидрометриски мерења при што би се утврдиле потребните хидраулички параметри за дефинирање на точните протечни количини.

– За целосно согледување на хидролошките карактеристики во сливот и големината на поплавниот бран, исто така, потребно е да се проверат податоците од околните дождомерни станици за евентуално метеоролошко дефинирање на количината на дожд која паднала во горниот дел од сливот, над село Порој, се потенцира во соопштението од УХМР.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите