Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска ќе организира Саем за вработување во Тетово.
Саемот, како што најавуваат, ќе се одржи во Центарот за култура „Иљо Антоски-Смок“ на кој ќе присуствуваат работодавачи и невработени лица од Тетовско.
Ова е дел од циклусот саеми што Агенцијата ги реализира во неколку поголеми градови низ државата.