СДСМ: Македонија ќе биде правна држава, реформите ќе донесат правда, еднаквост и живот за сите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ, како што се обврза пред граѓаните, ќе предводи Влада која во целост ќе ги спроведе потребните реформи што ќе донесат правда, еднаквост и живот за сите граѓани.

Преку зголемена државна помош за претпријатијата ќе се обезбедат нови работни места и повисоки плати, ќе има повисоки субвенции за земјоделците. Ќе се отворат евро-атлантските перспективи на Македонија, ќе се земат предвид препораките од Извештајот на Прибе и Европската комисија и ќе има и реформи во судството согласно најдобрите европски пракси.

Наместо досегашното партизирано сваровски судство, Македонија ќе добие независно, професионално и неселективно судство пред кое сите ќе бидат еднакви. Македонија кончено мора да стане правна држава со независен судски систем.

Единствените исплашени од правната државата и правдата што доаѓа се Никола Груевски и неговите соработници кои преку децениското криминално владеење и нанесоа огромни штети на државата.

Ќе има одговорност за сите штети што и се направени на Република Македонија и на нејзините граѓани и за тоа ќе нема компромис.

Заврши времето на антиреформската фамилија во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која 10 години владееше криминално за лично богатење. Заврши и времето и на Марко Зврлевски кој ги штити нивните криминали и ја попречува правдата наместо да ја спроведува.

Македонија ќе биде правна држава со еднакви права и обврски за сите“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат