Во Тампала се наоѓа стан од 278 метри кавадратни кој импресионира со својот смирувачки изглед за што придонесува белата боја, која доминира на ѕидовите и таваните, но и во мебелот.
Покрај, пријатниот амбиент, станот се карактеризира и со функционалност во распоредот на просториите, што го прави иделано место за живењње на повеќечлено семејство.
Во дневната соба доминираат софа и две фотелји кои се во линија со уметничките дела во просторијата, создавајќи шармантен амбинет обезбеден преку контрастот на кожа и метал и надополнет со топлината на каминот.
Една од најинспиративните простории во станот е кујната, која се карактериизра со сјајни и елегнатни елементи, кои се надополнети барски столови со дрвени ногарки.
Целокупниот изглед на станот е надграден со ефектот на висечките светили, кои се распоредени низ сите простории.