По Австралија, Блискиот исток, Азија и Јужна Америка, новиот Колеос стигна и во европските продажни салони.
Во однос на претходникот, новиот Колеос ја промени својата позиција во гамата на моделите на Рено и го помести еден степен повисоко, со оглед дека меѓу двете генерации на пазарот се појави новиот компактен кросовер Кадјар.
Автомобилот стилски се надоврзува на моделите Меган и Талисман, од кои се преземени слични LED фарови и стоп светла, пишува Б92.
Новиот Колеос е долг 4.670 мм, а широк 1.840 мм, додека меѓуосовинското растојание порасна на 2.710 мм. За споредба, претходната генерација на истиот модел имаше димензии 4.520/1.855/1.695 должина, ширина, висина, а растојанието меѓу осовината изнесуваше 2.690 мм. Додека Кадјар е деклариран повеќе како „урбан” кросовер, Колеос може да се пофали со поголемо растојание од земјата (213мм).
Бидејќи автомобилот ја дели истата механичка основа како и Нисан Х-Траил, погонот на сите четири тркала е преземен од овој јапонски производител.
Возачот може да бира меѓу три модели: 2WD, 4WD AUTO i 4WD LOCK, а на располагање се и бројни системи за асистенција. Во Европа, на купците за сега на располагање им се два дизел мотори. Послабиот 1.6 dCI со 130 кс и 320 Nm и посилниот модел со 2.0 dCI со 175 кс и 380 Nm.