– Ние мнозинството членови, наставници на наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, го упатуваме следниот академски проглас.
Цврсто сме одлучени да го почитуваме Законот за високо образование, статутот на Универзитетот и етичкиот кодекс. Изјавуваме дека гордо ќе ја браниме автономијата на нашиот Универзитет, отфрлајќи ги сите видови притисоци.
Нема да учествуваме во работата на органите и телата на Факултетот, со кој во моментов преседава и раководи незаконски назначениот вд Декан, професор Мирјана Поповска.
Продолжуваме да ги извршуваме нашите педагошки активности, предавања, консултации, испити и се што е во интерес на студентите, рече професор Силвана Ѓоргиева.