Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, заедно со раководителот на Центарот за вработување Битола, Јешим Сефуловска, ќе го отворат Саемот за вработување во Битола.
Ова е трет циклус Саеми за вработување кој се одржува во повеќе градови во Македонија и има за цел поврзување на понудата и побарувачката на работната сила.