Внимателно да се размисли за отворањето рудник во Казандол зашто подрачјето на Валандово, Богданци и Дојран има 13.681 хектар обработливo земјоделско земјиште, апелира Федерацијата на фармери (ФФРМ).
ФФРМ, како што соопшти денеска, ја поддржува иницијативата на Валандово и Дојран за организирање референдум по ова прашање.
– Да се размисли добро при самото одлучување, бидејќи со отворањето на овој рудник ќе се направат негативни ефекти врз земјоделството, посебно врз органското производство и, доколку не се применат мерки за соодветна заштита, штетите ќе бидат големи посебно врз почвата, предупредува Федерацијата.
Воедно бара, во иднина, кога ќе се прават истражувања и јавни дебати општините да ги консултираат и земјоделските здруженија за навремено да го дадат своето мислење.
ФФРМ ја поддржува и иницајативата на Валандово и Дојран за организирање референдум на населението каде што ќе се изјаснат за тоа дали треба да се отвори рудникот за бакар Казандол.