Британски универзитет отвори отсек за „електронски спортови”

Од:

Универзитетот Страфордшир во Велика Британија е прв универзитет во оваа земја кој отвoра отсек за студирање на „електронски спортови”, т.е. игрици, каде студентите ќе можат да учат за е-спортот индустрија со посебен фокус на игрите Lol, Dota 2, Hearthstone, CS:GO, Overwatch и Smash Bros.

Првиот семестар почнува во септември во 2018 година, а основната цел на оваа насока на универзитетот е едукација за деловната страна на е-спортот.

Студентите во тек на три години колку што траат студиите, меѓу другото, ќе учат за културата на е-спортот, користењето на социјалните мрежи во маркетиншки цели и за организирање на е-спорт настани.
Дипломците ќе имаат титула на е-спорт менаџери.

Вакви насоки веќе постојат на некои универзитети во САД и во Кина.

Натпреварите во електронските спортови стануваат се повеќе популарни, се предвидува дека до 2020 година оваа индустрија ќе може да оствари приходи од околу милијарда американски долари и публика која ќе достигне 600 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска