Државен натпревар во гаѓање со пиштол за резервните офицери во Велес

Од:

Организацијата на резервни офицери на Македонија (ОРОРМ) во соработка со основната организација од Велес и логистичка поддршка со претставници од гарнизонот на АРМ од Велес, со одобрение на ГШ на АРМ и Министерството за одбрана, денеска на полигонот на АРМ во околината на Велес, кај Долно Оризари го одржа традиционалниот државен натпревар во гаѓање со пиштол 7,62м.м.

Претседателот на ОРОРМ проф. д-р Ѓорѓи Малковски за МИА изјави дека целта на овие натпревари е да се овозможи воено и стручно оспособување на резервните офицери и подофицери во гаѓање со пиштол.

– Ова е место за резервните офицери кои немаат свои вежбалишта да ги проверат своите знаења во пракса и воедно да си ја проверат стручноста како резервни офицери и подофицери во АРМ, појасни Малковски.

Инаку на натпреварите помеѓу 12-тина екипи на ОРОРМ од општинските организации од цела Македонија, екипно првото место во гаѓање со пишто го освои екипата од Скопје во состав: Дејан Станковски, Христијан Николоски и Киро Трајановски, втора е екипата од Свети Николе, а трета екипата од Кичево.

Првото место поединечно со одлични 47 круга од можни 50 и припадна на Валерија Ванева од екипата на Свети Никола, втор е Зоран Мирчевски од Кичево со 41 круг, а трета Ивана Начарова од Скопје со 40 круга.

Наградите и признанија им беа доделени на свеченост во велешката касарна.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон