Околу 180 загинати во борбите на југот на Филипините

Од:

Речиси 180 лица загинаа во борбите меѓу филипинските владини сили и припадниците на милитантната група Мауте, поврзана со џихадистичката Исламска држава (ИД), во реонот на градот Марави во јужниот дел на Филипините, објавија денеска властите во Манила.

Борбите започнаа откако припадниците на Мауте го зазедоа градот Марави на осторвот Минданао, што според експертите, претставува доказ дека ИД создава свои упоришта и во Југоисточна Азија, каде ја применува истата брутална тактика, како и во Сирија и Ирак.

Припадниците на Мауте, вооружени со автоматски пушки и рачни минифрлачи, се уште го контролираат центарот на Марави и покрај жестоките напади на филипинската армија од копно и од воздух.

Според хуманитарните организации, поради борбите Марави го напуштиле повеќето од неговите 200 илјади жители.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски