Жена и две деца загинаа во тропската бура Беатрис што го погоди јужниот дел на Мексико, а по едно лице се уште се трага.
Бурата Беатрис во мексиканата држава Оахака донесе обилен дожд и ветер со брзина од 70 километри на час.
Локалните власти соопштија дека момче (10), девојче (14) и девојка (25) загинале кога се урнала куќата над нив. Се трага по уште едно лице, кое е пријавено за исчезнато.
Поради бурата откажана е наставата во 13.000 у,чилишта во мексиканата држава Оахака.