Париската спогодба за климата, од која САД се повлекуваат, по вчерашната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, е првата спогодба, која ја вклучува целата меѓународна заедница во борбата против климатските промени, еден од големите предизвици на 21. век.
Спогодбата е потпишана во декември 2015 година во Париз од 195 земји и од Европската унија по тешките преговори, кои траеја со години. До моментов 147 земји ги завршиле националните процедури за ратификација. Меѓу големите економии исклучок прават Русија и Турција.
За да се повлече од спогодбата, една држава треба да го извести Секретаријатот на Конвенцијата на Обединетите нации за климата, но тоа може да се случи откако ќе истечат три години од стапување во сила на текстот, што се случи на 4 ноември 2016 година. Следува едногодишен претпериод додека учесничката навистина „излезе“ од спогодбата.
Побрза, но и порадикална варијанта е повлекување на една земја од Конвенцијата на ОН за климата, која обединува 197 држави. Тоа стапува во сила со самото известувањето. Всушност уште од моментот во кој една земја изјавува дека се повлекува, таа веќе не учествува во преговарачките средби, посочува Тод Стерн, поранешен американски преговарач.
Таа земја не ја финасира повеќе Конвенцијата на ОН за климата, ноту меѓународните програми во таа сфера.
Глобална цел на спогодбата е да не се дозволи зголемување на глобалната просечна температура над два степена Целизусови во споредба со прединдустриската епоха и вложување напори за ограничвање на 1,5 степени, а и таа граница според климатолопзите ќе значи веќе длабоки промени.
Границата од два степени не може да се постигне со сегашните доброволни ангажмани на земјите за ограничување на емисијата на штетни гасови. Спогодбата предвидува тие цели да бидат преразгледани.
Според експертите на Меѓувладината експертска група за климатски промени (ГИЕЦ) за да остане затоплувањето под два степена емисијата на штетни гасови треба да се намали до 2050 година со 40 до 70 отсто.
За таа цел неопходна е човештвото постепено да се откаже од ископувањето на енергенси (кои учествуаат со 80 отсто во емисијата на штетни гасови), што изрично не е посочено во спогодбата. Текстот само одбележува дека земјите се стремат кон „ограничување на емисиите во соодветните рокови“.
Иако националните цели се поставуваат доброволно, земјите се ангажираат да даваат отчет за политиките, кои се однесуваат на климата, за резултатите од примената на тие политики и за изготвување на колекривна проценка на светските напори. Организацијата на тој процес треба да биде дефинирана. Транспарентноста треба да биде обезбедена и во сферата на помошта, која богатите земји им ја доставуваат на посиромашните, сметаат експертите.