Путин за Договорот за климата од Париз: „Не се секирајте, бидете среќни“

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин, коментирајќи ја одлуката на американскиот Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за климата од Париз, истакна дека не морал тоа да го направи.

– Не сакам да му судам на Трамп. Можеби не мораше тоа да го направи бидејќи станува збор за рамковен документ. Но, што е кажано, кажано е и сега треба да се види како понатаму. Не го прочитав соопштението од Трамп, но колку што сфаќам тој сака повторно разгледување на Договорот. Мислам дека не треба да се крева врева туку да се создадат услови за работа, посочи Путин на форумот во Санкт Петербург.

Тој додаде дека Договорот треба да стапи во сила во 2021 година.

– Така да имаме време да се договориме, истакна Путин, додаваќи „Не се секирајте, уживајте“ (Don’t worry, be happy).

Рускиот претседател наведе дека климатските промени се еден од клучните проблеми на денешницата.

– Тоа е рамковен доумент, секоја држава сама одлучува, нема обврзувачки точки. САД го ратификуваа Документот, а Русија тоа не го направи и нема да го направи се додека не бидат донесени правила за прераспределба на ресурсите.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски