Изложба „Мал формат“ на македонски уметници вечерва во Охрид

Од:

Уметнички дела изработени во најразлични ликовни техники на педесет македонски автори ќе бидат претставени во рамки на изложбата „Мал формат“ што вечерва ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.

Станува збор за дела на академски сликари, членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Малиот формат како творечки предизвик претставувал честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 претставувала искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата. Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големото платно во помалата мерка.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан