Честитки од НВО Уфук до новоизбраната Влада на Р.Македонија

Од:

Како НВО која работи на областите демократија и човековите права, го поздравуваме изгласувањето на новата Влада на Р.Македонија од страна на мнозинството во парламентот, велат од НВО Уфук во нивното соопштение.

„Поминавме низ прилично тежок период во кој се случуваа безброј несакани случки и немили настани. Време е Р.Македонија како држава да се стабилизира и да се врати на Евро-Атланската агенда. Ние сакаме новата Влада да воспостави добри односи со соседите и другите пријателски земји низ светот. Го поздравуваме обединувачкиот „Граѓанскиот концепт“ на владината коалицијата со кој граѓаните без разлика на различностите ќе се чувствуваат еднакви, а Македонија ќе ја прифатат како татковина.

Посакуваме една Македонија за сите, држава на еднакви можности за сите, држава во која различностите ќе бидат Наше заедничко богатство за соживот и меѓусебно почитување. Новата Влада на чело со премиерот Зоран Заев се состои од квалитетни кадри, луѓе кои се истакнале на професионален план и кои ќе превземат голема одговорност за просперитет и заедничка подобра иднина за сите граѓани. На сите министри во новата Влада и премиерот Зоран Заев им посакуваме успешна работа и остварување на програмата“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните