Европскиот суд за човекови права ја потврди пресудата со која францускиот неделник „Ле Пуант“ беше осуден за објавување на содржина на докази во случајот Бетанкур, јави дописникот на МИА од Париз.
Европскиот суд за човекови права смета дека материјалот објавен од страна на неделникот ризикува да „го наруши развојот“ на судењето, кое претстои на Франсоа-Мари Бание.
Европскиот суд за човекови права со ова ја потврди пресудатаод 2010 година на неделникот „Ле Поунт“ за објавување на извадоци од сведочењето на неколку лица кои се вклучени во истрагата за подароците на милијардерката Лилијан Бетенкур на уметникот Франсоа-Мари Бание.
Европската судиите оценија дека информациите објавени од страна на „Ле Пуант најверојатно, ќе „го нарушат развојот” на судењето на Бание, а со тоа и осудата на неделникот не претставува повреда на слободата на изразување.
Неделникот беше осуден во март 2010 година од страна на Судот од Париз да и плати 3.000 евра на Бетенкорт – за објавување акти од кривичната постапка пред нивното читање на судска расправа – и истиот износ на Бание за повреда на пресумпцијата на невиност. Таквите пресуди беа потврени на Апелација и потоа на Врхповен суд, по што неделникот се жалеше пред судот во Стразбур, со жалба дека има повреда на неговото право на слобода на изразување.
Европскиот суд ја отфрли жалбата едногласно. Притоа оцени, дека новинарите на „Ле Пуант“, не можеле да го игнорираат потеклото на деловите репродуцирани во нивните статии или доверливоста на објавените информациите.”
Судот од Стразбур, исто така, истакна дека една од двете статтии „не е неутрална“ кон Бание, и „беше насочен во правец на неговото обвинение со непочитувањето на пресумпцијата на невиност“.