Kрешник Бектеши официјално ја презеде функцијата министер за економија од досегашниот министер Дритон Кучи.
На примопредавањето, Кучи го запозна својот колега со проектите во неговиот мандат, како и надлежностите на Министерството, потенцирајќи ја неопходноста од континуирана работа на постојните цели, како што се растот на економијата, привлекувањето на странски инвестиции, зголемувањето на извозот и подобрување на деловната клима и му посака успешна работа на новиот министер.
Новиот министер за економија Крешник Бектеши изјави дека јa започнува оваа задача со голема посветеност и целосна одговорност, свесен за тешката состојба низ која помина државата, како во политичката, така и во економската и социјалнта сфера.
– Свесен сум колку оваа ситуација имаше влијание врз животот на секој граѓанин и свесен сум за високите очекувања кои ги имаме за овој нов почеток.Знам дека има многу предизвици, но ветувам дека ќе работам напорно да се создаде силна и стабилна економија – чија глевна цел ќе бидат благосостојбата на сите граѓани, економски развој и човечкото достоинство, изјави Бектеши.
Додаде дека ги очекува многу работа, за заедно да се направи државата – место каде што сите граѓани ќе ја видат иднината и каде ќе сакаат да живеат.
Бектеши има завршено високо образование Применети уметности и науки претприемништво и развој на бизнис на Рочестер институтот на технологија во Њујорк, каде во 2008 година се стекнува и со звање бачелор на науки Применети уметнсти и науки (Менаџмент и бизнис администрација).Магистрира на Универзитетот Шефилд во Солун на Менаџмент и стратегија – Логистика и менаџирање на ланец на набавки. На позицијата министер доаѓа од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија како економски промотор во Белгија и Швајцарија.