На Технолошко техничкиот факултет во Велес свечена промоција на дипломираните студенти и магистранти

Од:

Во седиштето на Технолошко техничкиот факултет во Велес, денеска свечено беа врачени дипломите на завршените студенти од прв степен и на магистрантите од втор степен.

Дипломите на 40 дипломци од прв степен и пет магистранти им ги врачи проф д-р Валентина Павлова декан на факултетот.

Таа потсети дека овој факултет, кој е со седиште во Велес има свои студии и во Кичево и Битола, а е во рамки на Универзитетот „Св Климент Охридски“ од Битола. Во Велес работи како самостоен факултет од академската 2008/2009 година, со две насоки: Прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизам.

– Ние како факултет ги следиме новите текови во образованието и затоа секоја година воведуваме новини. Воедно и самите студенти се иницијатори на тие новитети. Новитети се и нашата соработка со студенти и професори од факултети од странство. Воедно соработуваме и со компании каде ја гледаме иднината на нашите завршени студенти од кои веќе некои се вработени или чекаат да се вработат, информира деканката Павлова.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон