Во Тајван се наоѓа стан со површина од 270 метри квадратни, кој претставува дефиниција за едноставност и како треба да изгледа зен дом со чист дизајн.
Станот е замислен како чист и едноставен дом со дискретен стил, кој во исто време е многу префинет и елегантен.
Трикот при неговото дизајнирање претставувало наоѓање на баланс меѓу топлите и студените бои и грубите и мазните површини и текстури кои се користени во ентериерот. Површините на ѕидовите се нерегуларни и токму оваа карактеристика ги чини толку автентични и исклучителни делови на декорот.
Фокусот на овој проект се наоѓа во полето на духовното, а не во материјалното, истакнувајќи ја едноставноста која дефинира се со строг дизајн, но и тотален недостиг на кич и непотребни предмети.
Изложените ѕидови од цигла, полираните бетонски подови, мебелот со сива боја, сиво-црниот фурнир и тонови со низок сјај претставуваат уште некои карактеристики кои заедно го претвораат ентериерот на овој прекрасен стан во тивко, опуштено и мирно место за живеење.