Фејсбук е социјалната мрежа со најнагласени пораки на омраза, се вели во анализа објавена денеска од Европската комисија.
Анализата ги опфатила и Јутјуб, Твитер и Мајкрософт. Во просек во 59 отсто од случаите по добивање известување за недолични коментари, во кои има омраза, социјалните мрежи избришале содржината. За споредба, пред половина година избришаните пораки беа 28 отсто.
Бројот на известувања разгледани за 24 часа е зголемен за 51 отсто. Фејсбук и Јутјуб почнале да бришат околу 66 отсто од содржини за кои имале сигнал, Твитер засега брише околу 38 отсто од пораките за кои има поплаки. Најчесто поплаки се добиваат за содржини на Фејсбук.
Во ЕУ омраза на Интернет е поврзана најмногу со муслимани и имигранти (околу 18 отсто), на трето место е етничко потекло (15,8 отсто).
Истражувањето е направено по информации од 25 држави од ЕУ.