Новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешното приморпедавање ја презеде функцијата од својот претходник Зоран Јолевски.
Шекеринска вети дека ќе се залага Република Македонија да се врати на патот кон НАТО како и за обнова на Армијата.
-Македонија ќе има силна и стабилна Армија. На АРМ и е потребна е темелна обнова, знам како е кога униформата е стара, а чизмите скинати, им се обрати новата министерка на припадниците на АРМ.
Таа исто така вети дека ќе се залага за зачувување на унитарноста на државата.
Поранешниот министер, Зоран Јолевски и честиташе на министерката Шекеринска и и посака многу успех во работата на министерството и реализирање на целите кои таа ќе ги постави.
Виктор Јованов