Американски научници унапредија антибиотик наменет за терапија на инфекции што се предизвикани од една од најопасните супербактерии во светот.
Нова верзија на Ванкомицин е определна како многу силна и се чини дека ќе биде илјадници пати посилна од стариот лек, се наведува во стручното списание „Анали“ на американската Академија на науки (Proceedings of the National Academy of Sciences – PNAS).
„Анали“ пишува дека антибиотикот делува против опасни ентерококи на три различни начини и така спречува бактеријата да стекне отпорност на него.
Би-Би-Си јави дека сепак, овој антибиотик треба да биде тестиран на животни и луѓе.
Научниците се надеваат дека ќе биде подготвен за употреба за пет години.