Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е роден 1983 година во Крива Паланка. По професија е дипломиран правник со положен правосуден испит. Учел и на Универзитетот во Стразбур, во Центарот за меѓународни студии за интелектуална сопственост.

Николовски е актуелен пратеник во Собранието, а беше и дополнителен заменик-министер за земјоделство. Ги извршувал и функциите шеф на кабинет на претседателот на СДСМ, имал адвокатска канцеларија, работел на проекти во различни сфери и бил овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост.

Владее англиски, италијански и бугарски јазик.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници