Штип почнува со одбележувањето на патрониот празник „Свети Никола“

Од:

Општина Штип денеска ги објави имињата на добитниците на признанието „Свети Никола“, патрониот празник на градот.

Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов на утрешната свечена академија наградата, златен медалјон со ликот на Свети Никола ќе му ја додели на познатиот специјалист лекар Методи Чепреганов, а на дванаесетмина штипјани за особен придонес за развој на градот ќе им ги врачи признанијата.

Шефот на кабинетот на градоначалникот на Штип, Снежана Санева вели дека по предлог на новинарите од штипските медиуми признанието „Свети Никола“ го добиваат Евица Димитриева, Димитар Ташков, Јелена Јованова, Сашко Патраклиев, Зоран Зарински, Драги Герасимов-Пушка, Димитар Трендов, Зоран Казаков, Тони Михаилов, Долорес Кашуба-Петров, Риска Саракинова и Елена Јосимовска.

Раководителот на Секторот за јавни дејности и ЛЕР при О.Штип, Ване Маневски на денешната прес-конференција најави прославата по повод 19 ти декември почнува вечерва со свечена литургија во соборниот хран „Свети Никола“ и во 20 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ концерт на групата „Тоа е тоа“.

– За утре прославата по повод патрониот празник на градот продолжува со света архиерејска литургија, по што ќе следи литија од соборниот храм „Свети Никола“ до Градскиот плоштад „Слобода“, каде што ќе има кршење на празничниот колач, а на пладне во големата сала на Советот на Општина Штип ќе бидат доделени наградата и признанијата „Свети Никола“, рече Маневски.

Тој упати апел граѓаните на Штип активно да се вклучат во одбележување на патрониот празник на градот, а исто така градоначалниците од Источно планскиот регион ќе ја презентираат туристичката понуда за регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо