Јункер: На САД мораме да им кажеме дека не може само така да се откажат од Парискиот договор

Од:

Европа мора јасно да им каже на САД дека повлекувањето од Парискиот договор за борба против климатските промени не е едноставен процес, и дека овој процес ќе трае со години, рече денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

-Должност на Европа е да каже дека тоа така не оди, истакна Јункер на предавање за иднината на Европа, што го организираше германското здружение на работодавачи БДА, пренесоа британсклите медиуми.

„Американците не можат само така да го напуштат договорот за заштита на климата. Американскиот претседател верува дека можат бидејќи не е запознат со деталите“, рече тој пред студентите во Берлин.

Како што објасни, на САД ќе им бидат потребни неколку години да се ослободат од обврските што произлегуваат од потпишувањето на Парискиот договор.

Трамп ќе го исполни своето предизборно ветување за повлекување на САД од овој договор, за британските медиуми изјави неименуван извор од неговата администрација.

Овој потег на американскиот претседател се заканува да го продлабочи јазот меѓу САД и нивните сојузници, оценуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД