Берни Сандерс го критикува Трамп за односот кон Меркел и Германија

Од:

Американскиот сенатор Берни Сандерс упати критики кон претседателот Доналд Трамп заради неговите избрзани забелешки за Германија, пренесе ДПА.

-Да се навреди Германија, дамнешен сојузник на САД, е нешто што многу од нас не тера да се чувствуваме неудобно, изјави Сандерс во интервју за германската агенција пред денешната промоција на неговата книга „Нашата револуција: Иднина, во која веруваме”(Our Revolution: A Future to Believe in) во Берлин.

„Кога има разлики тие треба тивко да се надминуваат“, изјави Сандерс.

-За мене не е прифатливо претседателот јавно да ја напаѓа канцеларката Ангела Меркел, подвлече тој.

Сандерс изрази и стравување дека Трамп се обидува земјата да ја управува на „поавторитарен начин“.

-Тоа што го имаме е претседател кој напаѓа медиуми, водечки медиуми, на досега невиден начин, подвлече сенаторот.

„Доколку немате слободни медиуми, му се заканувате на самото постоење на демократијата“, додаде тој.

Сандерс, уште посочи, дека Трамп очигледно се чувствува удобно во присуството на авторитарни лидери.

Би можело да ве интересира

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Берни Сандерс: Екстремистичката влада на Нетанјаху уби 50.000 луѓе во Газа

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката