Откако Хјундаи објави неколку тизери и клипови и по појавувањето на фотографиите од снимените реклами, конечно е познато кога компанијата ќе го претстави својот субкомпактен кросовер под името Кона. Тоа ќе се случи на 13 јуни.
Најновиот тизер открива поголем дел од интересниот дизајн кој веќе е виден во почетокот на мај кога се појави фотографија на автомобилот без камуфлажа во текот на снимањето на рекламите. Дизајнот на автомобилот можеби нема да се допадне секому, но на Хјундаи секако треба да му се оддаде признание за храбрата одлука.
Двојните предни светла, портокаловата боја на каросеријата, атрактивната решетка на ладилникот и тенките задни светла, ќе овозможат на Кони да се истакне во својот сегмент.
Компанијата КИА ќе има своја верзија на автомобилот под името Стоник, која ќе има поконвенционален изглед.
Кона своето место во понудата на Хјундаи ќе го заземе под моделот Туксон, а ривали ќе бидат кросовери како што е Нисан Јуке. Се очекува дека ќе биде понудена и со погон на сите четири тркала, така Хјундаи може да го исполни ветувањето дека купувачите ќе добијат „вистински СУВ”.
Се работи за модел кој ќе биде достапен глобално, а веројатно е темелен на i20 супермини во комбинација со нови мотори од најновиот модел i30.
Хјундаи Кона ќе се појави и на Саемот на автомобили во Франкфурт кон крајот на годината. Верзијата на КИА се очекува исто така кон крајот на оваа или почетокот на идната година.