Компанијата LG во септември планира да го претстави смартфонот V30 кој веројатно ќе има OLED наместо LCD екран, а познатиот типстер од Твитер, Еван Блас тврди дека мобилниот може да има и втор slide-out екран.
Блас објави два рендера предупредувајќи дека се уште не е јасно дали смартфонот V30 во финалната верзија навистина ќе има секундарен екран. Рендерите покажуваат уред со екран кој може да се помести кон нагоре и да открие втор екран кој може да се користи како тастатура и да понуди некои дополнителни контроли.
Смартфонот помалку потсетува на Блекбери PRIV со slide-up екран, под кој се крие тастатурата.